Саем за образование и кариера 2026 во Охрид: Младите пред избор за својата иднина

ОхридМладински Центар Охрид ќе го организира четвртото издание на Саемот за образование и кариера 2026, кој ќе се одржи на 24 април со почеток во 11:00 часот, во просториите на Центарот (Поранешна касарна).

Станува збор за единствена платформа од ваков тип во државата, насочена кон поддршка на младите при изборот на нивното образование и кариерен пат.

На саемот ќе учествуваат околу 20 образовни институции, вклучувајќи факултети и средни училишта од целата земја, како и претставници на Агенција за вработување на Република Северна Македонија и Асоцијацијата на кариерни советници.

Посетителите ќе имаат можност да добијат директни информации за образовните програми, како и кариерно советување за можностите за вработување.

Се очекува присуство на голем број ученици од основните и средните училишта од Охрид и Струга, што го прави настанот особено значаен за локалната заедница.

Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да присуствуваат и да ги искористат можностите што ги нуди саемот за планирање на својата иднина.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани