Од Општина Охрид информираат дека е свикана десеттата седница на Советот на Општина Охрид.
На дневен ред на седницата се предвидени 51 точки поврзани со работењето на општината, јавните претпријатија и установи, како и одлуки од значење за локалниот развој.
Меѓу точките за разгледување се:
- предлог-одлуки за работа и финансиско функционирање на јавните претпријатија,
- програми за развој и унапредување на одредени дејности во општината,
- како и иницијативи за поставување спомен-обележја.
Советниците ќе расправаат и одлучуваат по предложените точки од дневниот ред.
