Во организација на Општина Вевчани, на 2 мај (сабота) со почеток во 19 часот, во Мултикултурниот центар во Вевчани свечено ќе биде отворена изложбата на уметнички дела од авторот Владимир Младеноски, насловена „Низ духовните простори на Македонија“.
Преку своите дела, авторот ги води посетителите на инспиративно патување низ духовното богатство, традицијата и природните убавини на Македонија, преточени во уметничка форма.
Организаторите ги покануваат сите љубители на уметноста да присуствуваат на настанот и да уживаат во вечер исполнета со емоција, културна вредност и креативен израз.
