Охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ организира настан под мотото „Да живееме едни со други, а не едни покрај други“, кој ќе се одржи на 29 април 2026 година со почеток во 12 часот во дворот на училиштето.
Настанот има за цел да ја поттикне меѓусебната почит, заедништвото и соживотот меѓу младите, испраќајќи силна порака за толеранција и разбирање.
Од гимназијата упатуваат покана до јавноста да присуствува и да биде дел од овој настан.
