Приведени тројца државјани на Албанија на ГП „Свети Наум“ по инцидент со службени лица

На 29.04.2026 година во 20:55 часот, на Граничниот премин „Свети Наум“, на влез во државата, полициски службеници лишиле од слобода три лица – М.М. (52), М.Н. (51) и Ф.Н. (26), сите од Република Албанија.

Инцидентот се случил при контрола на патничко возило „ауди“ со албански регистарски ознаки, кое го управувал М.М., при што тој агресивно се однесувал и омаловажувал царински службеник кој вршел службени дејствија.

Воедно, М.Н. и Ф.Н. се обиделе да ги спречат полициските службеници при извршување на службените дејствија.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани