Фото: Величествена Ѓурѓовденска литија во Струга

Со Ѓурѓовденската литија, Струга денес се поклони  на својот патрон – Светиот Великомаченик Ѓорѓи. Илјадници верници, свештеници учествува  во свечената поворка  со чудотворната икона и моштите на всетителот од манастирот во Рајчица.

Верниците му оддаваа почит поздравувајќи ги моштите со цвеќе.

Млади облечени во црковни одежди, носители на знамиња и рипиди, претставници на културно-уметнички друштва во автентични народни носии, продефилираа низ струшките улици.

Со божествената литургија чиноначалствуваше Архиепископот македонски г.г. Стефан и митрополитот Дебарско кичевски Владиката Георгиј.

Глетката  величествена. Покрај биењето на камбаните, пеењето на свештениците беше проследено и со музички настапи на дувачки оркестри. Стружани, од најмладите до највозрасните, велат дека овие денови за нив имаат посебно значење.

-Особена чест ми е што сум еден од ние кои денес ке ги носат моштите на светителот оваа година. Сакам да изразам една голема благодарност до црковниот одбор. За мене претставува огромна чест што сум денес тука. Да кажам единствен кој не е стружанец но натурализиран стружанец бидејки долго време и приватно и професионално со луѓето во доборот се дружиме. Можам да кажам дека преку 20 години сум дел од ргадот Струга, рече Мартин Клинчаров верник.

-Струшката литија не е само обичен верски празник за нас стружани. Не е само обична поворка, туку душата на град Струга. Затоа што денес сме сите сплотени, единствени. Денес Струга е најгорда и единствена најубава и највеличествена, рече Климентина Столеска верничка.

-Треба да се доживее за да се опише. Најголема чест е да се носат  моштите на светецот Горѓи победоносец, не само затоа што е патрон ан градоту, туку затоа што стружани посебно го чествуваат и се радуваат на овој празник, вели  Коста Хиохи верник.

Литијата е симбол на долгата струшка православна традиција. Овој величествен духовен настан, кој денес важи за една од најголемите литии на Балканот, се негува со векови, а во последните седумнаесет години повторно е возобновен во својот полн сјај.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани