Црвен крст Охрид со низа активности ја одбележува Неделата на Црвениот крст

По повод 8 Мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Црвен крст Охрид се вклучува во глобалната кампања под мотото „Хуманоста обединува“, со низа активности посветени на промоција на хуманоста, солидарноста и волонтерството.

Денот се одбележува во чест на Анри Динан, основоположникот на движењето на Црвениот крст, а периодот од 8 до 15 мај се одбележува како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Во рамки на програмата, денеска во седиштето на Црвен крст Охрид ќе се одржи ИНФО ДЕН за децата од предучилишните установи и учениците од основните училишта од Охрид и Дебрца, каде преку презентации и видео материјали ќе се запознаат со мисијата и активностите на организацијата.

Предвидено е и полагање свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан, како и повеќе хуманитарни активности во текот на неделата, меѓу кои поделба на пакети за социјално загрозени семејства, промоција на волонтерството на јавни места и едукативни работилници за различни целни групи.

Во рамки на одбележувањето, веќе беше успешно реализирана и крводарителска акција на ФТУ.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани