Свечено отворено 32-то издание на турнирот во мал фудбал „Враништа 2026“

Со голема посетеност и спортска атмосфера викендов беше отворено 32-то издание на традиционалниот Турнир во мал фудбал „Враништа 2026“. Уште од самиот почеток на натпреварувањата, бројната публика покажа дека турнирот и понатаму ја задржува својата долгогодишна традиција и квалитет.

Организаторите упатија благодарност до генералниот покровител „БиЗи Груп Македонија“, како и до сите спонзори кои придонесуваат за успешно организирање и одржување на спортскиот настан.

„Со гордост го отворивме 32-то издание на Турнирот во мал фудбал Враништа 2026. Големата посетеност од самиот почеток на натпреварувањата е доказ за традицијата и квалитетот на овој турнир“, посочија организаторите.

Тие упатија покана до љубителите на спортот и во наредните денови да присуствуваат на натпреварите и да бидат дел од спортската атмосфера во Враништа.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани