Полициски службеници од СВР Охрид пронајдоа и одзедоа марихуана при претрес извршен во дом и помошни простории во Охрид, каде престојувал И.Ј.(31) од Кичево.
Како што информираат од полицијата, на 12 мај 2026 година околу 20:00 часот, по претходно добиени сознанија и по консултација со Основното јавно обвинителство Охрид, а со наредба од Основниот суд во Охрид, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид извршиле претрес на локацијата.
При претресот била пронајдена и одземена марихуана, по што лицето било повикано во полициска станица, каде со него бил извршен службен разговор.
По целосно документирање на случајот, против И.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.
