Охридската полиција приведе 49-годишен охриѓанец по пријава за закани упатени кон 37-годишна жена во зградата на Основниот суд во Охрид.
Според информациите од СВР Охрид, на 19 мај 2026 година во 17:25 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Г.А. (49) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишна жена од Охрид.
Според пријавата, инцидентот се случил околу 12:35 часот во Основниот суд во Охрид, каде двете лица требало да присуствуваат на судско рочиште. Жената пријавила дека Г.А. ѝ упатил закани, а дополнително навела дека и претходно ја следел и ја вознемирувал преку телефонски пораки.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против приведеното лице.
