По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, градоначалникот на Кирил Пецаков денеска положи свежо цвеќе во чест на Светите браќа Свети Кирил и Свети Методиј, основоположници на словенската писменост и духовност.
Во објавата по повод празникот, Пецаков истакна дека Светите Кирил и Методиј се траен симбол на македонскиот културен идентитет и дека зад себе не оставиле само букви, туку непроценливо духовно и цивилизациско наследство кое и денес претставува темел на културата, образованието и националната самобитност.
Тој нагласи дека нивното дело обврзува на зачувување на знаењето, вложување во образованието и поддршка на младите генерации, со цел да продолжат да ги негуваат вредностите што ги поставиле просветителите.
„Нека продолжи да живее делото на Светите Кирил и Методиј! Нека ни е честит и вековит 24 Мај!“, порача градоначалникот Пецаков.
Свежо цвеќе пред споменикот положи и градоначалникот на Дебрца, Златко Сиљаноски.
24 Мај традиционално се одбележува како ден посветен на сесловенските просветители и нивниот огромен придонес во развојот на писменоста, образованието и културниот развој на словенските народи.




