Во свечена и емотивна атмосфера, во Вевчани беше одбележана прославата на првото големо достигнување на вевчанските миниматуранти – нивното дипломирање од детската градинка.
Со музика, песна, игра и многу детски насмевки, најмладите испратија порака дека се подготвени за новото поглавје во животот. Настанот беше исполнет и со емоции, а кај родителите и воспитувачите не изостанаа ниту солзите радосници за годините поминати во градинката.
Градоначалникот на Спасе Кочовски упати честитки и убави желби до децата, посакувајќи им многу здравје, среќа и успеси на патот што ги очекува.
„Денес тие го направија првиот голем чекор кон иднината. Со радост ги испративме кон нови другарувања, авантури и животни успеси“, порача Кочовски.




