ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.О. (53) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.
Според полицијата, на 16.04.2026 година, при контрола на мерни броила на улица „Туристичка“ во Струга, стручни лица од ЕВН Македонија – подружница Струга утврдиле дека пријавениот од својот дом неовластено се приклучил на мерен орман и на тој начин противправно користел електрична енергија.