10-та Дримска конференција во Струга – фокус на заедничко управување со водите

Во Струга, во хотел „Дрим“, од 2 до 4 јуни 2026 година ќе се одржи 10-тата Дримска конференција, во рамки на Меморандумот за разбирање за заедничко управување со Дримскиот басен (2011) и Вториот ГЕФ Дримски проект за имплементација на приоритетните мерки од Стратешкиот акционен план (2020).

На конференцијата ќе учествуваат претставници од надлежните институции на државите од Дримскиот басен, локалните самоуправи, претпријатијата за управување со води, како и регионални и меѓународни организации.

Претставниците на државите ќе информираат за досегашната имплементација на Стратешкиот план за Дрим на национално ниво, како и за спроведувањето на Европската рамковна директива за води и мерките за намалување на загадувањето од различни извори.

Главните теми на конференцијата се поврзани со поврзаноста меѓу Стратешкиот план за Дримскиот басен и Зелената агенда на ЕУ, а ќе бидат презентирани и информации за процесот на одобрување на новиот ГЕФ проект за заштита на сливот на Охридското Езеро.

Свеченото отворање на конференцијата ќе се одржи на 2 јуни (вторник) во 13:00 часот во големата сала на хотел „Дрим“ во Струга, каде обраќања ќе имаат Заменик-премиерот и министер за транспорт, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање на Косово, директори на надлежни сектори за управување со води, како и претставници на УНДП, УНЕЦЕ и Глобалното партнерство за води – Медитеран, кое го спроведува ГЕФ Дримскиот проект.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани