Општина Вевчани ги известува граѓаните и сопствениците на пчелни семејства дека во ноќта меѓу 3 и 4 јуни, односно од среда кон четврток, во раните утрински часови ќе се спроведе адултицидна терестичка дезинсекција.
Активностите ќе ги реализира Центар за јавно здравје Скопје, со цел намалување на популацијата на комарци и заштита на јавното здравје.
Од Општината апелираат до сопствениците на пчели навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства за време на третманот.
