Слета првиот лет од Вроцлав Полска

Со првиот авион од Вроцлав денеска во Охрид пристигнаа околу 200 туристи од Полска. За само два дена ќе стартува и новата авио линија  до Катовице.

Новите летови до Полска  се очекува до средината на септември да донесат илјадници гости на охридското крајбрежје и да придонесат за продолжување на туристичката сезона. Ова лето од Охридскиот аеродром ќе  се патува  до 17 дестинации.

-Ова се летови кои не се само туристички тукус е летови кои што не се само сезонки туку ке донесат дополнителна вредност на целиот регион. Ако на тоа се додаде дека веќе од оваа недела почнува да лета дестинацијата Белград Охрид и Истанбул Oхрид тогаш веќе приказната се заокружува. Имаме фантастични бројки во периодот јануари ма јоваа година споредбено со лани имаме раст од 31,2 проценти што го нема на ниту едни други два аеродроми вели вицепремиерот Александар Николоски.

Во меѓувреме, со забрзана динамика се реализира и реконструкцијата на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“. Со инвестицијата вредна 2,7 милиони евра се врши модернизација на аеродромската инфраструктура, подобрување на условите за патниците и зголемување на капацитетитe.

Севкупно проектот има достигнато фаза на 65% завршеност но би сакал да нагласам дека додека се одвиваат сите овие гrадежни работи истовремено постојано  е опслужуваат и дојдовните летови и патници. Целокупната работа на аеродромот се одвива без никакви пречки, истакна Неџат Курт

Реконструкцијата на аеродромот, прва од неговата изградба пред 70 години се очекува да заврши за два месеци.

Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани