Реконструкцијата на локалната улица „Костојчини“ во Вевчани влегува во завршна фаза, информира градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски.
Во моментов се изведуваат последните градежни активности, а според најавите, кон крајот на оваа недела е планирано и завршното асфалтирање на улицата.
Со реализацијата на овој проект ќе се подобрат условите за сообраќај и секојдневното движење на жителите, како дел од активностите на Општина Вевчани за унапредување на локалната патна инфраструктура.
