Едно лице се здоби со тешки телесни повреди, а две лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, во близина на селото Рача.
Несреќата се случила на 9 јули околу 19:15 часот и во неа учествувале патнички автомобил „цитроен“, управуван од Љ.Ј.(48) од Охрид и патнички автомобил „форд“, управуван од Г.П.(59) од Охрид.
Во несреќата тешки телесни повреди се здобил возачот на „цитроенот“ Љ.Ј., констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, додека кај возачот на „фордот“ Г.П. и сопатничката С.П.(57) од Охрид биле констатирани телесни повреди.
По преземените мерки, полицијата утврдила дека Љ.Ј. управувал со 1,80 промили алкохол во крвта, поради што, по наредба на јавен обвинител, неговото возило е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
