Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во Охрид поради посетата на индиската претседателка

Поради престојната посета на претседателката на Индија, во Охрид од денеска до 22 јули ќе важат засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај, информираат од Секторот за внатрешни работи Охрид.

Полициските активности се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на трасите и објектите што ќе бидат опфатени со посетата. За таа цел, СВР Охрид веќе остварила координација со локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите надлежни институции задолжени за одржување на патиштата и јавната инфраструктура.

Од денеска, Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај интензивно ќе врши контрола и регулирање на сообраќајот, особено на булеварот „Туристичка“, како и на останатите улици и патни правци каде не е дозволено запирање и паркирање. Засилените мерки ќе ги опфатат и магистралните, регионалните и локалните патишта кон Свети Наум, како и централното градско подрачје и стариот дел на Охрид.

Од СВР Охрид апелираат граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници и, доколку е можно, во наредните денови да избегнуваат користење на автомобилите, односно да користат алтернативни превозни средства, со цел непречено одвивање на сообраќајот и успешно спроведување на безбедносните мерки.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани