Во рамки на манифестацијата „Вевчанско Лето 2026“, на 23 јули во Вевчани ќе биде отворена изложбата „Синилото на Вевчанските Извори“, на која ќе бидат претставени фотографии создадени со древната техника цијанотипија.
Изложбата е резултат на креативните работилници реализирани во соработка со „Еко-свест Вевчани“ и „Зрно – Фестивал на фотографијата“, каде учесниците имаа можност да ја совладаат оваа фотографска техника и преку неа да ги овековечат природните убавини на Вевчанските Извори.
Пред посетителите ќе бидат претставени дела што ги спојуваат природата, уметноста и креативноста, препознатливи по сините нијанси што се карактеристични за цијанотипијата.
Отворањето на изложбата е закажано за 23 јули (четврток), со почеток во 20 часот, во Мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ во Вевчани. Организаторите ги покануваат љубителите на фотографијата и уметноста да присуствуваат и да го доживеат „синилото“ на Вевчанските Извори низ објективот на младите креативци.
