Кривична пријава за незаконит риболов на Охридското Езеро

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 46-годишниот М.Ч. од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“.

Како што информира полицијата, на 25 мај годинава, на крајбрежјето на Охридското Езеро, во близина на реката Црн Дрим во Струга, тој бил затекнат како, и покрај важечката забрана за риболов, со недозволен риболовен алат – канџа, ловел риба. При контролата, полициските службеници пронашле и одзеле уловен крап и друг риболовен алат.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани