Охридската полиција го приведе 38-годишниот З.Х. од Охрид, кој ноќеска пред казино на улицата „Димитар Влахов“ го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување. При извршеното алкотестирање кај него биле измерени 1,82 промили алкохол во крвта. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
