Општина Вевчани ги известува граѓаните дека на 30 јули 2026 година (четврток), со почеток во 22:00 часот, ќе се спроведе терестичка дезинсекција против возрасни комарци.
Акцијата ќе опфати повеќе локации низ општината, меѓу кои: околината на Вевчанските Извори, течението на Вевчанска Река, просторот околу пречистителната станица (Таложник), вештачкото езеро Јанков Камен, како и повеќе локални улици – „Стружанка – Здравствен дом – Средсело“, „Стружанка – Средсело – Вевчански Извори“, „Бералиште – Даскалој – Чочорој“, „Пазариште – Варвара – Фарма“ и „Трансформатор – Бубаној – Јанков Камен“.
Од Општината информираат дека доколку временските услови не бидат поволни, дезинсекцијата ќе биде одложена и ќе се реализира првиот нареден ден со соодветни временски услови.
