Во рамки на манифестацијата „Вевчанско лето 2026“, вечерва и утревечер во Вевчани за првпат ќе се одржи манифестацијата „Кино под ѕвездите“, која на љубителите на филмската уметност ќе им понуди проекции на отворено во уникатен амбиент.
Проекциите ќе се одржат во амфитеатарот при ООУ „Страшо Пинџур“ во Вевчани, со почеток во 20:30 часот.
Вечерва, 27 јули, на програмата е македонскиот филм „Стела“, трогателна приказна за момче кое преку љубовта кон своето куче и силата на пријателството ги открива вистинските вредности – храброста, надежта и безусловната љубов.
Утре, 28 јули, публиката ќе има можност да го проследи филмот „Приказната за Силјан“, визуелно впечатливо остварување инспирирано од македонските народни преданија, кое ја следи потрагата на Силјан по сопствениот идентитет, домот и слободата.
Организаторите ги покануваат сите љубители на филмот да понесат добро расположение и да уживаат во две незаборавни вечери под ѕвезденото небо, исполнети со магијата на седмата уметност.
