Кино под ѕвездите“ продолжува во Вевчани со проекција на „Приказната за Силјан“

По успешното отворање на манифестацијата „Кино под ѕвездите“, вечерва во Вевчани продолжува програмата со втора филмска вечер. Во амфитеатарот кај ООУ „Страшо Пинџур“, со почеток во 20:30 часот, ќе биде прикажан филмот „Приказната за Силјан“.

Станува збор за филм инспириран од македонската народна приказна за Силјан Штркот, реализиран како копродукција со National Geographic, кој преку впечатлива визуелна приказна ги оживува богатството на македонското културно наследство и традиција.

Синоќа, пак, љубителите на филмот уживаа во проекцијата на македонскиот семеен филм „Стела“, кој со својата топла и емотивна приказна привлече бројна публика во амфитеатарот во Вевчани.

Од Општина Вевчани ги покануваат граѓаните и посетителите и вечерва да бидат дел од филмската магија под отворено небо.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани