Полициски службеници од СВР Охрид ќе поднесат пријава против правното и одговорното лице од угостителски објект на плажа во туристички комплекс во близина на Охрид, откако по пријава за гласна музика било извршено мерење со фонометар. При контролата било утврдено дека јачината на бучавата ја надминала дозволената граница.
