Честитка од градоначалникот Пецаков по повод Денот на републиката

‎Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати честитка до сите граѓани по повод Денот на Републиката – Илинден.


‎„Илинден е еден од најсветлите и најзначајни датуми во македонската историја. Ден што не потсетува на силната борба за слобода, на стремежот кон сопствена држава и на визијата на генерациите кои со храброст и пожртвуваност ги поставија темелите на нашата иднина.

‎Илинденскиот идеал не е само историско наследство, туку трајна обврска да ги чуваме и унапредуваме вредностите врз кои почива македонскиот идентитет, а тоа се  единствотото, достоинството и меѓусебната почит.

‎Овој голем празник нека ни биде потсетник дека треба да продолжиме заедно да создаваме просперитетна заедница, да го развиваме нашиот Охрид и да придонесуваме за напредокот на татковината.

‎Во мое лично име и во име на Општина Охрид, на сите граѓани им го честитам Денот на Републиката-Илинден, со искрени желби за добро здравје, мир, благосостојба и заеднички успеси.

‎Нека ни е за многу години Илинден и вечна слава и на Илинденците!, стои во честитката на градоначалникот Пецаков.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани