По повод празникот Свети пророк Илија, кој се одбележува на Денот на Републиката – Илинден, градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, присуствуваше на преосветувањето на храмот „Св. пророк Илија“ во селото Лактиње и на светата архиерејска литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
Во својата објава, Сиљаноски истакна дека со благослов на митрополитот имал чест да го запали светото кандило во обновениот храм, оценувајќи дека обновувањето на светилиштата претставува благослов за цела Дебрца.
„Нека Светиот пророк Илија нѐ чува, нека ни дава здравје, мир и единство. За многу години Илинден! Бог да ја благослови Дебрца“, порача градоначалникот.



