Во СВР Охрид се пријавени два случаи на физички напади, како и физичка пресметка во казино.
Дваесет и едногодишен охриѓанец, вработен во агенција за обезбедување, пријавил дека на 15 август, околу 06:10 часот, пред влезот на фабрика на улицата „Петрино“ во Охрид, каде што бил ангажиран, бил физички нападнат од вработен во фабриката. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Во вториот случај, 23-годишен скопјанец пријавил дека вчера околу 15:30 часот, во угостителски објект во комплексот „Св. Наум“, бил физички нападнат од едно женско и едно машко лице. И за овој случај се преземаат мерки за расчистување.
Во казино во Охрид, пак, полицијата ги лишила од слобода четворица мажи од Пробиштип, Прилеп и Велгошти, на возраст од 25 до 53 години, кои претходно го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосното документирање, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
