Во кампот за обука на вода во Охрид денеска свечено беше одбележан 18 Август – Денот на Армијата. На централната свеченост присуствуваше највисокиот државен и воен врв, меѓу кои претседателката и врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, претседателот на Собранието Африм Гаши и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
Во обраќањата беа упатени честитки до припадниците на Армијата и беше истакната нивната посветеност и професионализам. Во рамки на свеченоста беа доделени ордени и признанија, а со воени почести, постројување на единиците и пригодна музичка програма беше одбележан празникот на македонската Армија.








