ФФМ и „Виа Фарм“ со партнерство за подобра медицинска грижа за македонските репрезентативци

Грижата за здравјето, опоравувањето и физичката подготвеност на македонските репрезентативци добива дополнителна поддршка. Фудбалската федерација на Македонија и аптеките „Виа Фарм“ потпишаа договор за соработка и спонзорство, со кој се обезбедува дополнителна медицинска поддршка за националните тимови.

Со партнерството, „Виа Фарм“ ќе ги снабдува репрезентативните селекции со потребните медицински средства и суплементи, со цел фудбалерите да имаат соодветни услови за медицинска грижа, опоравување и подготовка.

Од ФФМ велат дека ваквите партнерства се важен дел од создавањето комплетен систем на поддршка за сите репрезентативни селекции – од најмладите категории до А-репрезентацијата.

„Здравјето и медицинската грижа за нашите репрезентативци се еден од важните сегменти во функционирањето на секоја репрезентација. Преку партнерството со ВИА ФАРМ обезбедуваме дополнителна и квалитетна поддршка за сите наши селекции“, истакна генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски.

За „Виа Фарм“, пак, партнерството со ФФМ е можност активно да придонесе кон македонскиот спорт и грижата за репрезентативците.

„За ВИА ФАРМ претставува чест и гордост што стануваме партнер на Фудбалската федерација на Македонија и што ќе дадеме свој придонес во поддршката на македонските репрезентации“, изјави Марица Угриновска Баткоска, директорка на „Виа Фарм“.

Таа додава дека компанијата ја препознава одговорноста што ја носи партнерството и ќе се стреми со квалитетни производи, медицински средства и суплементи да биде сигурна поддршка за репрезентативците и медицинските тимови.

Соработката меѓу ФФМ и „Виа Фарм“ е најавена како партнерство со долгорочна визија, во кое во фокусот остануваат здравјето и најдобрите услови за македонските фудбалери.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани