Во периодот од 4 до 6 септември, со употреба на алат и физичка сила, била скршена влезната врата на црквата „Св. Никола“ во охридското село Велгошти, од каде биле одземени пари и други предмети. Случајот во СВР Охрид бил пријавен на 6 септември во 15:15 часот. Полицијата работи на пронаоѓање на сторителот, по што ќе следува соодветна пријава.
