Ученици од охридските средни училишта на возраст од 14 до 18 години учествуваа на летниот камп на VIEL SCIENCE, кој од 4 до 7 септември се одржа во автокампот „Љубаништа“, со поддршка од Општина Охрид.
Четиридневниот камп им овозможи на младите да стекнат нови знаења и практични вештини преку ИТ и еко работилници, но и да поминат време во природа преку тимски игри и рекреативни активности.
Покрај едукативниот дел, кампот беше посветен и на дружењето, развивањето тимски дух и создавањето нови пријателства меѓу средношколците.
Организаторите оценуваат дека престојот во природна средина, комбиниран со едукативни и забавни активности, им овозможил на учесниците да стекнат нови искуства и да создадат спомени од летото.
Од VIEL SCIENCE упатуваат благодарност до Општина Охрид за поддршката, автокампот „Љубаништа“ за гостопримството и сите соработници кои придонеле за реализацијата на кампот.
