Општина Охрид објави јавен оглас за вработување на еден хаусмајстор, на неопределено време.
За работното место се бара кандидат со најмалку средно стручно образование, а во огласот е наведено дека може да се пријават и кандидати без работно искуство во струката.
Работното време е 40 часа неделно, а основната нето-плата за работното место изнесува 30.154 денари.
Заинтересираните кандидати треба да ја достават потребната документација наведена во јавниот оглас до Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр. 57.
Рокот за пријавување е пет работни дена од денот на објавувањето на огласот.
