Староградската песна повторно ќе одекне во Охрид

Охрид повторно ќе живее во духот на староградската песна. Утре, 18 септември, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржат 38. Охридски староградски средби 2026, фестивал посветен на зачувувањето и афирмацијата на богатата градска музичка традиција.

На фестивалската сцена ќе настапат ансамбли од Охрид и Дебрца, Струга, Прилеп, Кичево, Крагуевац и Штип, кои пред публиката ќе ги претстават старите и автентични градски песни.

Староградската музика е дел од културното наследство што со децении се пренесува од генерација на генерација, а фестивалот има цел да придонесе кон нејзиното зачувување и продолжување на традицијата.

Од Центарот за култура „Григор Прличев“ посочуваат дека со програмата се прави навраќање кон богатата градска ризница и традициите од минатите векови, со што старите песни повторно добиваат свое место пред современата публика.

38. Охридски староградски средби ќе започнат во 19 часот во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“. Влезот е слободен.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани