Вевчани денеска го посети италијанскиот амбасадор во земјава, Паоло Палминтери, во рамки на шестата меѓународна архитектонска и инженерска студентска работилница, организирана од Ротари клубот „Камен Мост“ – Скопје.
Посетата била можност амбасадорот да се запознае со богатото културно и природно наследство на Вевчани, но и за размена на идеи и разговори за идни можности за соработка.


