Двајца жители на Подгорци затекнати при нелегална сеча на 43 букови стебла

Двајца жители на струшкото село Подгорци биле лишени од слобода откако биле затекнати при нелегална сеча на дрва во месноста Подгоречки бачила.

Според информациите од полицијата, на 16 октомври во 17 часот, при координирана акција на полициски службеници и Шумската полиција, Е.А. (46) и Р.А. (45), двајцата од Подгорци, биле затекнати при нелегална сеча на 43 стебла буково огревно дрво.

Дрвата потоа ги товареле во патнички возила „опел“, „застава“ и „сузуки“, со намера нелегално да ги транспортираат.

По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик, за кривичното дело „Пустошење шуми“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани