„Лидл“ бара работници во Струга: Можност за средби и интервјуа

„Лидл Македонија“ продолжува со кампањата за вработување „Добра игра. Фер плеј“ и ги повикува заинтересираните кандидати од Струга и околните населени места да се запознаат со можностите за работа во маркетите што компанијата планира да ги отвори во овие градови.

Кандидатите ќе имаат можност да ја започнат или да ја продолжат својата професионална кариера во еден од најголемите европски малопродажни синџири, во работна средина заснована на фер однос, почит и тимска поддршка, во која секој вработен е важен дел од тимот.

На средбите заинтересираните ќе можат лично да разговараат со претставници на „Лидл“, да добијат информации за отворените работни позиции, условите за работа и процесот на селекција, како и да аплицираат за вработување.

Средбите и интервјуата ќе се одржуваат секој работен ден, заклучно со 30 октомври 2026 година, во периодот од 9 до 16 часот, во хотелот „Мираж“ во Струга.

Од компанијата информираат дека на вработените им нудат конкурентна и загарантирана плата, приватно здравствено осигурување, современи услови за работа и стабилна работна средина. Вработените работат според јасни правила и процеси и имаат можности за учење и професионално напредување.

Посебно внимание се посветува на подготовката на новите членови на тимот. Тие минуваат низ структуриран процес на воведување во работата и професионална обука за стекнување практични знаења и вештини.

Обуката за секојдневните работни задачи ќе трае од шест до осум недели и ќе се спроведува во Македонија, со постојана поддршка во текот на целиот процес.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани