На 25 октомври, во 21 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода 49-годишниот М.Д. од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон членови на семејството. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
