Тројца охриѓани приведени по тешка кражба во автокамп

Тројца охриѓани на возраст од 18, 25 и 30 години биле лишени од слобода откако биле затекнати при транспорт на украдени предмети од автокамп во Охрид. На 25 октомври, во 13:45 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги затекнале осомничените во близина на кампот, како со два мопеди за кои немале соодветни документи ги превезувале одземените предмети. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани