Кардиологот Дејан Манчевски со научна презентација на престижен светски конгрес во САД

Д-р Дејан Манчевски од охридската Специјализирана болница „Св. Стефан“ го претстави своето клиничко искуство пред светската елита на интервентната кардиологија, на конгресот TCT 2026 во Сан Диего, САД.

Успех за охридската Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“. Интервентниот кардиолог д-р Дејан Манчевски учествуваше со усна научна презентација на престижниот светски конгрес TCT 2026 (Transcatheter Cardiovascular Therapeutics), кој се одржува во Сан Диего, Соединетите Американски Држави.

Станува збор за научната сесија „Cases With the Masters“, на која д-р Манчевски го презентираше случајот на комплексна периферна васкуларна интервенција, односно воспоставување на крвотокот во крвните садови на долните екстремитети кај пациент со тешка хронична исхемија.

Во процедурата биле применети современата SPUR™ RST технологија и балон со лек-облога, со цел обновување на циркулацијата и зачувување на екстремитетот.

Од охридската болница посочуваат дека ова претставува значајно професионално признание за д-р Манчевски, но и потврда за стручноста и нивото на интервентната кардиологија што се практикува во установата.

Од таму нагласуваат дека континуираното следење и примената на најновите достигнувања во кардиоваскуларната медицина се дел од нивната определба за унапредување на здравствените услуги и обезбедување поквалитетен третман за пациентите.

Успехот на д-р Манчевски, како што истакнуваат од болницата, е признание и за целиот медицински тим и за развојот на македонската интервентна кардиоваскуларна медицина.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани