Две кривични пријави за насилство во Струга и Охрид
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 38-годишен жител на струшко село, осомничен за телесна повреда. На 2 ноември годинава, во семејниот дом, тој физички го нападнал својот татко и му упатувал закани.
Во друг случај, СВР Охрид поднесе кривична пријава против три лица од Битола, на возраст од 47, 25 и 22 години, поради сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 23 август годинава, во охридското село Пештани, тројцата физички го нападнале Р.Б., кој во рацете го држел своето малолетно дете. Во нападот, телесни повреди се здобило и детето. По брза интервенција на полицијата, осомничените биле пронајдени и лишени од слобода.
