Засилени полициски мерки во Охрид пред самитот Брдо-Бриони

Забрана за паркирање на булеварот „Туристичка“ во пресрет на самитот Брдо-Бриони

Поради одржувањето на состанокот на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, кој на 27 ноември ќе се одржи во Охрид, СВР Охрид од денеска започнува со засилени мерки за забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“.

Полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ќе вршат засилени контроли на двете страни од булеварот, при што ќе ги предупредуваат возачите за забраната за запирање и паркирање, како и за неопходноста од ослободување на коловозните ленти кои се користат како паркинг-простор.

Мерките дополнително ќе се интензивираат во пресрет на самитот и ќе ги опфатат магистралните, регионалните и локалните патишта, како и останатите делови од градот.

  1. Од СВР Охрид апелираат до возачите да ги почитуваат насоките на полициските службеници, а за дополнителните ограничувања и мерки јавноста ќе биде навремено информирана
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани