Осум лица хоспитализирани по пожар во станбена зграда во Охрид, приведен сопственикот на станот
Осум лица завршија во Општата болница во Охрид по пожар што избувнал во станбена зграда на улицата „Гоце Делчев“. Поради пожарот, жителите на зградата биле евакуирани, а полицијата го привела 55-годишниот сопственик на станот во кој настанал пожарот.
Според информациите од МВР, станува збор за Ц.Н. (55) од Охрид, кој се сомничи дека го предизвикал пожарот во сопствениот стан.
По брзата интервенција на полициските службеници и на Територијалната противпожарна единица од Охрид, повеќе станари биле безбедно евакуирани. Осум лица, кои се здобиле со повреди и имале проблеми со дишењето, со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во Општата болница.
Од СВР Охрид, во координација со надлежните служби, преземаат дополнителни активности за помош на станарите и стабилизирање на состојбата.
По целосното документирање на случајот, против 55-годишникот ќе биде поднесена кривична пријава за „Предизвикување општа опасност“.
