Пред стартот на сезоната, Агенцијата за храна врши вонредни инспекциски контроли во туристичките центри. Во Охрид и Струга., пронајдени и уништени се речиси половина тон небезбедна храна, или точно 485 кг. месо и месни подготовки. Контролирани се месарници, работилници, угостителски објекти и маркети.
Граѓаните велат , потребни се зачестени контроли на трговците, угостителите и производителите на храна.
– Никој не знае, претпоставка е дека тоа што се декларира но не треба да се оди формално. Не значи дека треба да биде санкција треба укажување дека тоа штпо се прави не е добро за сите. Тоа предизвикува трошоци, последици лејкување.
-Треба нормално секоја инсопекција треба да работи и не само за храна за се треба да работи бидејки очигледно е дека ние не сме совесни.
–Овде кога има повеќе гости никој не гледа. Нема никаква контрола ни на месо, ни на бурек, ни на ништо. Јас лани се разболев во чаршијата ама сега дуќанот е затворен ќебапчиња си изедов две и умрев од стомакот. Нема контрола никогаш немало.
Граѓаните повикуваат да се почитуваат пропишаните стандарди и норми во однос на хигиенските и санитарните услови.
-За се има правилници, нормативи и стандарди. Постои законска рамка која определува кој вид на дејност каде може да се врши. На службите тоа им е добро познато дали некој од време на време или повеќе замижува во поглед на таквите состојби е прашање каде е моралниот елчемент кон неговата обврска да си ја врши функцијата за која е институционализиран за што народот го плаќа, вели еден граѓанин.
Инспекторите затекнале и две работилници кои не биле регистрирани како оператори со храна , нив им се изречени забрани за вршење на дејност. При вонредните контроли на АХВ на брегот на Охридското Езеро, казнети се десет правни лица, а донесени се 9 решенија за отстранување на утврдени недоследности.
Новинар Соња Рилковска
