Академска делегација од Израел во посета на Охрид

Академска делегација од Израел во посета на Охрид.  

Претставници од Универзитетот Бар – Илан од Телавив, Израел, предводени од претседателот на универзитетот професор Раби Даниел Херсковиц, деканот на Медицинскиот факултет професор Ран Тур – Каспа и секретарот за академски прашања на универзитетот, д-р Ракел С. Леви Друмер оставрија и средба со градоначалникот на Охрид. 
На средбата израелските професори пројавиле интерес за системот на високото образование во Република Македонија и високо образовните институции во Охрид.

На средбата биле разгледани идни можни форми на соработка во високото образование, како и во други сфери од заеднички интерес на двете пријателски земји. На средбата присуствуваше и ополномоштсениот амбасадор на Израел за Република Македонија, Дан Оријан.


Деновиве Охрид е и  домаќин на средба со членовите на израелската школа за лидери.
На средбата од страна на градоначалникот беа презентирани бизнис потенцијалите што ги нуди градот, како и отвореноста од страна на Локалната самоуправа за соработка помеѓу овие две институции.
Претставниците на школата, кои се доктори на науки во повеќе области, ја изразија својата благодарност за пречекот и својот восхит од убавините на градот. Заеднички впечаток беше дека ќе се вложат дополнителни напори за да се оствари меѓусебна соработка на повеќе полиња.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани