Атрактивни новогодишни забави во ресторан „Дедо Димо“

Атрактивни новогодишни забави со екстра менија во етно ресторанот Дедо Димо во село Куратица.

 

За неколку денови, во  среда на 27 декември,  свечено ќе биде отворен новиот етно ресторан „Дедо Димо“ во селото Куратица.

Надалеку прочуеното охридско село конечно ќе добие современо уреден, традиционален етно ресторан. Бројните туристи кои го посетуваат ова прекрасно село, во нов етно топол амбиент ќе може да уживаат во вкусната македонска храна.

Ѓомлезе, селски манџи, мазници, пити и други специјалитети подготвени на традиционален начин од органски земјодески производи набрани од локална градина ќе бидат вистински магнет за бројните гости. Инаку село Куратица е надалеку познато по јавањето магариња во живописната природа, но и оф роуд авантурите. Во зима скијање и возење со ратрак на Плаќенска планина и до Мазатар.

Денешните туристи сакаат активен одмор, акција и авантура. Токму во Куратица може да го добијат сето тоа.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани