Седумдесет годишна старица вчера изгоре во пожар во сопствениот дом во струшкото село Луково.
Според првичните информации од Противпожарната единица во Струга, до кои дојде Охриднет.ком, старицата била сама во домот кога се случил пожарот. Беспомошната жена не успеала да се спаси од пламените јазици. Засега точно не се утврдени причините за настанувањето на пожарот но се претпоставува дека тој бил предизвикан од грејното дело во домот.
Струшката противпожарна единица интервенирала на терен но било предоцна да се спаси старицата.
Ова е втро смртен случај во пожар во струшко, пред неполн месец во пожар изгоре две годишно дете.
