Денеска во „Уранија“, почнува работилницата „Балканските и европските дискурси за естетиката и симбологијата“.
Во рамките на традиционалната манифестација „Научна и уметничка визита“, во организација на Македонската академија на науките и уметностите, што до 28 јули ќе се одржува во Куќата на Уранија,денеска ќе се одржи работилницата „Балканските и европските дискурси за естетиката и симбологијата“. На 15 јули предавање на тема „Илјада години од живописувањето на ’Св. Софија’“ ќе одржи академик Цветан Грозданов.
Во рамките на манифестацијата, на 20 јули предвидена е изложбата „Акварели од академик Васко Ташковски“, по повод 80 години од неговото раѓањето, која ќе ја отвори академик Газанфер Бајрам, секретар на Одделението за уметност. Делото „Акварели од академик Васко Ташковски“ ќе го промовира академик Катица Ќулавкова, а настанот ќе биде збогатен и со настап на тенорот Влатко Груевски, во пијано-придружба на Андреј Наунов.