Охрид ќе биде дел од „Beach run“ трките што во неколку градови почнуваат на 2 јули.
„Beach run“, претставуваат серија трки што ќе се одржат во Македонија во пет градови покрај вода. Покрај во Охрид,вакви трки ќе се одржат и во Скопје, Преспа, Дојран и Маврово. Трките ќе траат до 30-ти јули, а учество можат да земат сите што сакаат да се натпреварува во трчање на 5 км на една, неколку или на сите предвидени трки од серијата. Најбрзите тројца во машка и во женска конкуренција ќе добијат награди а сите натпреварувачи кои успешно ја истрчале трката ќе освојат поени за формирање рејтинг табела и одредување на победникот на серијата.Инаку, лани во Охрид се трчаше финалната петта трка од летната серија трки на плажа низ Македонија Beach Run 2016. Стартот беше закажан на плажата и терените за одбојка на песок познати како Бафало бич.